Дете (12) од Идризово тешко повредено: Му дале да вози трактор, удрил во метална ограда


Вчера во 14,50 часот на тампониран пат кој го поврзува надвозникот во с.Кадино со викенд населбата се случила сообраќајна незгода во која трактор ТАФ со скопски регистарски ознаки, управуван од 12 годишно дете од с.Идризово-Скопје изгубил контрола и излетал од патот при што тракторот удрил во металната жичана ограда од автопатот.

По случената незгода детето со возило на Брза помош е пренесено во Ургентен Центар- Скопје, каде му се констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош е задржано на лекување.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1