Дете изуми уред за спасување деца заборавени во автомобил


Бишоп Кари, 11-годишно дете од Тексас, измислил уред за спречување смрт на деца заборавени во топол автомобил.

Откако наишол на вознемирувачка вест дека 6-месечно бебе починало од топло откако било заборавено во жежок автомобил, сакал да направи нешто што ќе помогне вакви несреќи веќе да не се случуваат.

Детето изработило скица од уредот што треба да „насети“ кога дете ќе остане само во автомобил. Направата треба да се постави на седиштето, каде што се потпира детето со главата и треба ги алармира родителите и полицијата на телефон. Уредот бил така замислен во меѓувреме да дува студен воздух.

Направата се вика „оаза“, а на таткото на Бишоп, кој работи во „Тојота“, идејата веднаш му се допаднала.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1