Деца сакате брзо возење???


Арон Стефаневски (29) од Форт Вејн во Индијана, испил нешто повеќе алкохол от потребното и не знаејќи што да прави му светнала „сјајна“ идеја, да ги повози своите деца со својот автомобил во околината на својата куќа.

Ги ставил своите две деца, на старост од четири до шест години, како и седумгодишното комшивско девојче на предната хауба и ги приврзал со пак-трегери. Децата радосни од возбудливост и радост, според изјавите на очевидците, биле потполно несвесни дека животот им е во опасност.

Комшиите веднаш викнале полиција, која го уапсила Стефановски и поднела тужба за загрозување на безбедноста на децата и возење во пијана состојба.
Кога се отрезнил, посрамотениот Арон на полицајците им рекол дека „алкохолот одлучил место него“, и дека мислел на децата ќе им се допаднало авантуристичото возење.
Поради тоа што ја признал вината, во саботата е осуден на 18 месечен куќен притвор.

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1