Децата и приредија шок на Анџелина Џоли: Сакаме да живееме со тато!


Кога мислеше дека се ќе оди според нејзините планови, Анџелина Џоли доживува голем шок: Најстарите деца изјавиле „Сакаме да живееме кај тато“.

Битката на релација Џоли- Пит продолжува иако на почетокот се чинеше дека се ќе се среди по мирен пат. Медиумите објавија дека Бред Пит поднел барање за заедничко старателство за шесте деца.angelina joli

52-годишникот не се откажува од децата иако сега ги гледа само во присуство на социјален работник. Џоли побарала целосно старателство над децата со повремени средби со таткото, но Бред сака еднакво да учествува во нивните животи.

Всушност ова е само почеток на борба која може да прерасне во многу лоши работи. Освен што социјалните служби уште ги истражуваат обвинувањата дека Пит вербално и физички го нападнал најстариот син Медокс, правно гледано ништо не е решено.

Освен што Медокс наводно претходно јасно рекол дека сака да живее со мајка му, некои извори велат дека Пакс и Шило изразиле целосно спротивни желби. Тие двајца веднаш создале емоционална блискост меѓусебно, но и со Бред со кого се емоционално покомпатибилни. Ако е така, тогаш Анџелина има проблем бидејќи сака најдобро за своите деца, а тоа значи и да ги почитува нивните желби, додаваат медиумите.

Анџелина и Бред се зближија на снимањето на филмот „Mr. & Mrs. Smith“ во 2005 година од кога се и заедно. Се венчаа дури пред две години, а Анџелина поднесе барање за развод годинава. Тие имаат шест деца, три посвоени – Медокс (15), Пакс(12) и Захари (11), како и три биолошки- Шило (10) и осумгодишните близнаци Нокс и Вивиен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1