Девојче пронајдено во шума со мајмуни крие страшна вистина


Приказната за осумгодишното девојче од Индија, кое го одгледале мајмуни во шумата, се прошири во медиумите со молскавична брзина, но изгледа дека првобитните објавени информации немаат премногу врска со вистината.

Набрзо по пронаоѓањето, медиумите ја нарекоа „женскиот Могли“, поради сличноста со книгата на Радјард Киплинг „Книгата за џунглата“, во која се спомнува момчето Могли, кое го одгледувале волци. Но, најновите податоци покажуваат нешто сосема друго.download (6)(159)

Имено, вистината во овој случај е уште потрагична. Девојчето го пронашла полицијата во близина на патот со група мајмуни, а не во шумата. Бидејќи не знаело да зборува ниту да оди на две нозе, се однесувало насилно при контактот со луѓето, а нејзините спасители претпоставиле дека токму мајмуните го одгледале девојчето. Девојчето оди на четири нозе и комуницира со крикови.

Сепак, шефот на Шумската управа Д. К. Синг по неколку денови открил дека тоа не е вистина.

– Мислам дека членовите на нејзиното семејство и тоа како биле свесни дека девојчето не може да зборува па го оставиле покрај шумата. Доколку и живеело со мајмуните, тоа било само неколку денови. Со мајмуните не поминало многу време – рекол шефот на Шумската управа.

Лекарот од болницата во Бахраич Анкур Лал, во која е примено девојчето, ги потврдил овие информации.

– Во Индија луѓето не ги преферираат женските деца, а девојчето е плус и со ментални и физички пречки во развојот, затоа сè упатува на тоа дека детето е напуштено – рекол за „Индепендент“.

Лекарите утврдиле дека психичката и физичката болест го навело семејството да го напушти девојчето, а спасувачите погрешно да заклучат дека е одгледано во дивина.

Девојчето, откако неколку денови поминало во болницата, е однесено во Дом за незгрижени деца во градот Лукоу, каде што ќе биде на долготрајна нега.

Полицискиот инспектор Суреш Јадав бил во рутинска контрола кога здогледал насмеано девојче како седи со мајмуните. Рекол дека мајмуните почнале да квичат на него кога се обидел да го одвои девојчето од нив, но и дека таа го направила истото.

– Се исплаши од нас, не можеше ништо да каже, ниту да нè слушне како што треба. Беше во друштво на три мајмуни и имаше повреди по телото, најтешки на лакотот и на едната нога. Имаше лузни по телото. Делуваше слабо и беше многу гладно. Ѝ дадовме да јаде, изгледаше ужасно. Да не ја спасевме, можеше да настрада од другите животни – рекол инспекторот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1