Девојчиња киднапирани во 1985 пронајдени живи и здрави!


Полицијата во Роуд Ајленд ја реши мистеријата стара повеќе од 30 години – ги пронајде Кели и Кимберли Јејтс, кои исчезнаа во 1985 година.keli-i-kimberli

Девојчињата биле украдени од нивната мајка откако таа на суд го изгубила старателството над децата. Со децении живееле под различни лажни имиња – пренесе Си Би Ес.

Пронајдени се во околината на Хјустон, во близина на местото на живеење на нивната мајка.

Кели и Кимберли Јејтс, сега жени на возраст од 32 и 35 години, биле земени во август 1985 година од нивната мајка, без знаење на таткото. Нивната мајка Елен Јејтс, која денеска има 69 години, е обвинета за киднапирање.

Полицијата ги пронашла Кели и Кимберли по анонимна дојава.

Во програмата на Ен Би Си се јави биолошкиот татко на Кели и Кимберли, Расел Јејтс.

– Тие имаат татко кој ги сака. Сакам да позборувам со нив, но на девојките е да одлучат дали сакаат да се сретнат со мене – рече тој.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1