Девојчиња од 7 и 8 години искористени за бомбаши-самоубијци


Две девојчиња, на возраст од седум и осум години, биле искористени како бомбаши-самоубијци, за терористичкиот напад на еден пазар во североисточна Нигерија, соопши денеска нигериската полиција.devojcica-bombas-foto_f-640x384

Во нападот, освен девјчињата-терористи, убиено е најмалку едно лице, додека други 18 се повредени.

Нападот бил извршен во градот Мајдури, во сојузната нигерски држава Борно, во време кога на пазараот има најмногу луге.

Девојчињата ги активирале експлозивните направи веднаш по доаѓањето на пазарот.

Досега досега не презеде одговорноста за овој терористички напад, но полицијата верува дека станува збир за групата Боко Харам, која често изведува такви напади.

Нигериските власти, како и армиските сили, во изминатите месеци имаат забележано успех во пресметката со исламистичките милитанти на оваа група, но тие засега се немоќни да ги спречат терористичките напади.

Сведок изјавил за медиумите дека ги забележал девојчињата кога дошле на пазарот, со една рикша и мислел дека тие ја бараат својата мајка.

– Се обидов да ги прашам дали се загубиле, зборувајќи на локалниот јазик и на англиски, но тие ништо не одговорија. Веднаш по влегувањето во пазарот одекна експлозија, изјави очевидец.

Во петокот, во напад на две жени самоубијци, изведен на пазарот во градот Мадагали, беа убиени најмалку 45, а повредени повеќе од 45 лица.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1