Џафери не го повлекува законот за необјавување на „бомбите“ – ќе се носи до 20 октомври


Координаторот на пратеничката група на ДУИ Талат Џафери попладнево рече дека нема да го повлече предлог-законот за забрана на располагање, поседување и злоупотреба на материјалите од прислушуваните разговори. Џафери во Собранието имаше едночасовна средба со белгискиот експерт и медијатор во разговорите Питер Ванхауте, на која присуствуваше и вицепремиерот Фатмир Бесими. Белгискиот експерт по средбата не сакаше да ги коментира разговорите со Џафери и најави изјава за подоцна.talat

Предлагачот од ДУИ Талат Џафери остана на ставот дека законот не треба да биде повлечен. Тоа им го кажал и на меѓународните претставници. Вчера во интервју тврдеше дека предлогот им бил доставен на СДСМ уште пред две недели.

Законот за инкриминирање на бомбите и законот за таканаречените свиркачи ќе бидат усвоени во Собранието до 20ти октомври. Ова го договориле партиите со посредство ан меѓународните претставници. До тогаш работните групи ќе треба да пронајдат компромисни решенија за законските одредби кои според опозицијата се неприфатливи.

И евроамбасадорот Орав и амбасадата на САД во Скопје изразија увереност дека овие прашања ќе бидат решени.

Овие закони отвoраат сериозни прашања во врска со слободата на изразувањето, правото на граѓаните на приватност и доброто владеење, кои што треба да бидат адресирани во согласност со меѓународните обврски на Македонија, стои во соопштението од американската амбасада.

Законското решение кое вчера влезе во собранието предвидува кривична одговорност за поседување, објавување и обработка на прислушуваните телефонски разговори кои беа предмет на така наречените бомби на опозицијата.

СДСМ и натаму бара целосно повлекување на вчера предложениот закон.

Законското решение кое вчера влезе во собранието предвидува кривична одговорност за поседување, објавување и обработка на прислушуваните телефонски разговори кои беа предмет на така наречените бомби на опозицијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1