Џипот возел со огромна брзина, немало знаци на кочење – Детали за сообраќајката во која загина 16 годишник


Средношколецот И.Б. (16) вчера го загуби животот откако беше прегазен од џип „фолксваген туарег”. Лекарите во КАРИЛ и покрај сите напори не успеаја да го спасат младиот живот.patika-480x360

Дваесетгодишниот Џ.М. бил зад воланот на џипот, возел со огромна брзина, а на местото на трагедијата немало траги од кочење, пишува МКД.мк. „Туарегот“ со табличка White house возел со огромна брзина и немало знаци на кочење.

Првичните информации се дека 20 годишниот возач од Батинци го удрил 4 години помладиот скопјанец на пешачки по што жртвата била повлечена уште 15-тина метри во правец кон центарот на градот,  објави Канал 5.

Кога момчето паднало на асфалтот веднаш притрчале вработени во блискиот сервис за перење возила. Тие излегле на улица и им сигнализирале на останатите возачи дека има човек на патот за да не го прегазат. Итната помош стигнала за минута, велат вработените во сервисот и лекарите им кажале дека момчето има пулс.

Но во болница им подлегнал на тешките повреди. 20-годишниот возач бил потресен по што и него полицајците го префрлиле во болница. Информацијата за смртта на 16-годишниот средношколец предизвика шокираност која беше изразувана по социјалните мрежи , а фејсбук профилот на жртвата синоќа беше угаснат.

Родителите немаат пари за погреб – детали како да помогнете на достоен погреб на Иван

Џипот возел со огромна брзина, немало знаци на кочење – Детали за сообраќајката во која загина 16 годишник

 

 

 

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1