Џулија Робертс во Белград (ФОТО)


Актерката Џулија Робертс и трите деца го придружуваат нивниот сопруг и татко Даниел Модер во Белград, кој таму работи на филм во српска продукција.Всушност, таа го придружува својот сопруг, сценарист, оператор и режисер, кој работи на еден проект во Белград. Според договорот кој го потпишал, тој се обврзал да не дава никакви информации додека филмот не биде завршен. 

Актерката дошла тајно, без претходна најава, а сите заедно отседнале во хотел на Студенскиот плоштад.Во петокот и во саботата Џулија и нејзиното семејство јаделе во ресторан „Смоквица”, чии келнери во почетокот дури не ја препознале

– Џулија, нејзиниот сопруг и децата беа со нас, во петокот и саботата наутро за појадок. Не можам да ви кажам што јаде, но сите бевме воодушевени од нејзиното однесување. Изгледа како и на телевизија – скромна, нормална и опуштена. Никој не ги препозна, немаат обезбедување, седеа во опуштена семејна атмосфера. Да ти е мило да ги гледаш – рекоа од ресторанот „Смоквица”.

Според српските медиуми, покрај Џулија Робертс во моментов во Србија престојува и актерката Деми Мур.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1