Дигестивна хирургија во следните два дена ќе работи само за итни случаи


Министерот за здравство Никола Тодоров денес одржа уште еден состанок со колегиумот на Клиниката за дигестивна хирургија на кој е одлучено поради смирување на состојбата во следните два дена Клиниката да не работи.

-Одлуката е во четврток и петок да не работат, односно да работат само за итни случаи, а се што е елективна хирургија и амбуланта да пренасочиме кон други две установи, стара Градска болница и кон „8-ми Септември“.  Се случи многу сериозен криминален чин и со право докторите се револтирани и реагираат. Ние сме во комуникација со нив. Но, тоа што е најважно за нас е да се смири состојбата тука, да се создадат услови за нормално функционирање, а од друга страна ниту еден пациент да не трпи поради тоа, вели Тодоров.Klinicki-centar-ulica

Министерот за здравство додава дека иако вчера имало операции на Клиниката и се работело, сепак заеднички е одлучено дека потребно е време за смирување и стабилизирање на ситуација.

-Докторите се луѓе кои имаат чувства и се нашле во една сериозна ситуација, голем број од нив биле сведоци на овој криминален, нецивилизиран и примитивен чин и нормално е тоа да има негативно влијание врз нив, посочува министерот Тодоров.

Тој додаде дека ќе биде одржан уште еден состанок, а се разговарало и за организациски планови, обезбедување, како и евентуално активирање на камери.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1