Дигитална таблета која што знае дали сте ја испиле, па му јавува на докторот ако сте заборавиле


Американската прехранбена индустрија измисли нова дгитална пилула која што може да се потврди во точно даден момент дали сте ја проголтале, а потоа и да му даде информации на докторот за реакциите од тоа како вашето тело реагира на апчето кое што сте го конзумирале.

Од компанијата Протеус Дигитал Хелт, велат дека ваквата пилула може да биде адаптирана на лекови за Хантингтонова болест, Паркинсонова и Алцхајмерова како и за дијабетис, а во моментов се работи на тоа истата да биде достапна и за Европските земји.

Истата пилула содржи и мал сензор преку кој може да се одржи комуникација, со дигитален здраствен повратен систем. Истата дава витални информации за медицинското однесување и на тоа како организмот реагира на истата. Сензорот може да се вгради во инертна пилула или во друг вид на несварливи продукти. Откако сензорот ќе стигне во стомакот, се активира со контакт со стомачните флуиди, притоа давајќи уникатен сигнал кој го детектира времето на варење.
Оваа информација се пренесува преку телесното ткивото на корисникот со одреден дел од кожата која го детектира сингалот и го означува точното време на сензорот кој бил земен. Дополнителни психолошки информации во врска со однесувањето на корисникот се испраќаат до докторот, како што се ритамот на срцето, позицијата на телото и активноста.


Пачот ослободува информации преку апликација на мобилен телефон, се разбира со согласност на пациентот за тоа дали ваквите информации можат да бидат дадени до лекарите. Од компанијата велат дека ова е единствен начин за да знаат дали нивните корисници ги земаат потребните лекови на време. Во моментов 50 % од светската популација не ги добива комплетните бенефиции од лековите кои што ги конзумира поради тоа што или не ја зема потребната доза, или поради ненавремено конзумирање на лековите.
Овии информации од Дигитал Медицинес, можат да бидат од голема корист за сите луѓе, истите ќе можат да се споделат и со блиски пријатели семејството како и на други лекари се со цел да се подобри третманот на пациентот за тој побрзо оздрави.

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1