Дијана го фатила Чарлс како има секс преку телефон со Камила


Принцезата Дијана го фатила принцот Чарлс во ситуација кога седејќи во тоалет водел интимни рагзовори со Камила, наведуваат британски медиуми повикувајќи се на нови снимки.

Покојната принцеза од Велс, љубовницата на нејзиниот сопруг ја опишала како повулгарна од него, зашто слушнала нивен многу експлицитен разговор. Зборувала и за желбата да го спречи Чарлс да стане крал, бележи британски „Дејли мејл“.carls dijana

Тие тврдења се изнесени во 12-часовен видео материјал, каде Дијана си ја олеснила душата од многу кралски тајни и тоа неколку месеци пред смртта на 31 август 1997 година.

Снимките наводно немаат никаква врска со оние направени пет години порано, во разговор со тренерот за јавен настап, Питер Сетелен, кои на 6 август прв пат беа емитувани, после долга правна битка во врска со правата на прикажување. Сетелен интервјуата со Дијана ги снимал од септември 1992 година, три месеци пред разделбата на Чарлс и Дијана, па до декември 1993 година.

Авторот на новата снимка, пренесува „Б92“, настаната пред смртта на принцезата, говорел анонимно. „Сан“ објавил дека снимателот во тоа време работел за БиБиСи, кога една вечер бил повикан во палатата Кенсингтон да направи неколку снимки. За тоа му биле исплатени 5.000 фунти.

Тој водел дневник за своите средби со принцезата Дијана и во него запишал:

– Дијана опиша како во една прилика се нашла во ситуација да слушне телефонски разговор на Чарлс и Камила. Чарлс седел на тоалетна шолја кога го фатила како разговара. Разговорот се сведувал на „телефонски секс“.

Дијана тогаш зборувала и за својата желба да го спречи Чарлс да стане крал и да се почека нејзиниот постар син Вилијам да порасен и да го преземе местото.

Снималетот во дневникот уште запишал:

– Сакаше Вилијам да дојде на престолот кога ќе умре кралицата. Дијана јасно ја виде својата улога како сила која што би стоела зад Вилијам. Имаше некаква романтична идеја да биде создавател на кралот, мајка зад монархот.

Анонимниот снимател, кој денес живее во Америка, напишал дека во моментот кога влегувал во Кенсингтон, од сите страни бил опкружен со полиција. Рекол и дека се плашел дека тајната служба МИ5 би можела да го прислушува неговиот разговор со принцезата.

Овие нови тврдења се појавија само неколку часа пред светската премиера на досега невидено интервју со некогашната принцеза на Велс, што го снимил Питер Сетелен, а кое е прикажано на 6 август.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1