Димитров, Коѕијас и Нимиц преговараат повеќе од три часа


Повеќе од три часа трае состанокот на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас со медијаторот Метју Нимиц во Виена.

Засега нема информации дали по преговорите министрите и Нимиц ќе дадат изјави или ќе биде објавено соопштение на министерствата за надворешни работи.

Ова е трета рунда од обновените преговори меѓу двете земји за решавање на речиси тридеценискиот спор за името на Македонија.

Шефот на грчката дипломатија минатиот месец изјави дека се подготовува нацрт-договор од четири точки кој, доколку биде прифатен, ќе претставува основа за решавање на спорот.

Заев ја изрази и подготвеноста на македонската страна да се прифати географска одредница, но напомена дека не гледа потреба за промена на Уставот на земјава.

Преговорите меѓу Македонија и Грција беа обновени на 12 декември минатата година во Брисел, кога со медиајторот Нимиц се сретнаа преговарачите Васко Наумовски и Адемантиос Василакис. На последната рунда разговори за името што се одржа на 17 јануари во Њујорк медијаторот Нимиц излезе со сет сугестии и предлози и оцени дека на повидок е решение на долгогодишниот спор меѓу Грција и Македонија.

Медијаторот кон крајот на минатиот месец ги посети Атина, а потоа и Скопје, каде имаше одвоени средби со грчкиот и македонскиот државно-политички врв.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1