Димовски:Домашното млеко безбедно


Во македонското млеко нема присуство на афлатоксини, ниту други примеси штетни по здравјето на граѓаните, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

mleko mkТоа, според него, го потврдија сите анализи спроведени во акредитираните лаборатории.

– Контролите се вршат редовно, секој ден од страна и на преработувачите во нивните сопствени лаборатории, но интензивирани се и контролите што ги спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство, рече Димовски, одговрарајќи на новинарски прашања по презентацијата на проектот за поголемо произвдство на ориз.

Министерот е дециден дека нема да се толерира увоз на млеко кое содржи какви било штетни материи.

– Освен увезеното млеко, редовно се контролира и внесената сточна храна во земјава, особено од соседните држави. Се врши контрола на секој увоз на земјоделско-прехранбените производи воопшто за да се заштита здравјето на домашните потрошувачи, истакна министерот Љупчо Димовски

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1