Директорката на ФЗОМ поднесе оставка – и јас бев гневна за Тамара иако знаев дека сторивме се


Директорката на Фондот за здравстевно осигурување, Маја Парнаџиева Змејкова, си поднесе оставка од функцијата, поради, како што рече, лични, човечки причини.zdravstvo-maja

-Обдукцијата, која веќе е објавена во медиумите ја потврди причината за смртта, се работи за причина која не е поврзана со операцијата која Тамара требаше да ја има, а за која се обезбедија на крај средства. Дополнително интерна комисија во Фондот провери и контатира дека сите процедури во лекарските комисии и стручните служби во Фондот се испочитувани. Во целокупната моја кариера никогаш не сум имала дамка во своето работење и изминативе две недели, покрај една лична семејна трагедија која ми се случи неодамна, се најтешкиот период во мојот живот.

Јас сум човек кој е воспитан, приватно и професионално, да помага секому. И истовремено сум емотивна личност, а не некаков ладен бирократ, и сите овие напади лично ме погодија. Денес објавувам дека од човечки причини се повлекувам од функцијата директор на фондот. Чекав да се добијат резултатите од судска медицина, за да се констатира причината за смртта, и да се види вистината за овој случај, кој заради се што се случи и пеколот низ кој поминувавме, но и напорите кои претходно ги правевме, а дел од јавноста не ги вреднуваше, сепак целиот мој живот ќе го носам со себе и покрај тоа што сум свесна дека се што можевме, се сторивме, буквално се.

Уште еднаш ќе кажам, го разбирам гневот на луѓето, и јас бев гневна, бев буквално срозена. Ве молам овој и вакви случаи да не се политизираат, навистина нема нешто поболно од тоа да се гледа низ призма на политика на ова. Никој не сака вакви работи да се случуваат. Никој. И не е добро да се злоупотребуваат вакви моменти. На семејството им е најтешко и никој не ни може да ја претпостави нивната болка и нивниот гнев, и без разлика на исходов, нивната болка, но и нашата, на сите нас што сме некако инволвирани во ова, ќе продолжи. Длабоко жалам.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1