Дизајнерката којашто ја облекуваше Мишел Обама одби да соработува со Меланија Трамп


Модната дизајнерка Софи Теалет рекла дека нема да ја облекува првата дама Меланија Трамп и ги повикала останатите колеги креатори да го направат истото.

Во искрениот имејл што го испратила во четвртокт вечер до медиумите, француската дизајнерка, која редовно соработувала со Мишел Обама, рекла дека новата прва дама нема да ја облекува.melanija-obama-misel

„Како една од креаторките коишто се заложуваат за разновидност, лична слобода и почитување на сите начини на животот, објавувам дека нема да учествувам или да соработувам на ниту еден начин со наредната прва дама“, напишала креаторката.

Во продолжението на текстот образложила и зошто:

„Реториката на расизмот, сексизмот и ксенофобијата што ги промовираше нејзиниот сопруг во предизборната кампања е некомпатибилна со вредностите според коишто јас живеам. Ги повикувам моите колеги креатори да го направат истото“, заклучила Софи Теалет.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1