До 25 јануари пресметка за исплатени приходи и придонеси


Најдоцна до 25 овој месец фирмите имаат обврска на работниците да им издадат збирна пресметка за исплатени приходи, платен персонален данок и придонеси за минатата година.

Издавањето на збирната пресметка е законска обврска врз основа на која граѓанинот ќе може точно и навремено да ги пријави приходите во Годишната даночна пријава.ujp

Управата за јавни приходи денеска соопшти дека доколку компаниите до 25 јануари не ги издадат овие збирни пресметки за вработените предвидена е глоба во износ од 3.000 евра во денарска противвредност, а на одговорното лице ќе му биде изречена глоба во износ од 30 проценти од одмерената глоба за даночниот обврзник.

УЈП напоменува дека до 31 јануари по електронски пат фирмите треба да поднесат до Управата за јавни приходи годишен извештај за извршените исплати на граѓани во 2016 година по основ на откуп на земјоделски производи и годишен извештај за извршениот откуп на корисен цврст отпад од физички лица кои не се трговци поединци во 2016 година. Годишен извештај поднесуваат и организаторите на зелен пазар на кој се врши трговија на големо и мало, а до крајот на јануари треба да се поднесе и годишен извештај за извршени исплати на приходи на физички лица во 2016 година, по основ на лични примања, авторски права и права од индустриска сопственост, капитал, имот и имотни права (закупнини), добивките од општи игри на среќа и други приходи за кои аконтацијата на данокот се плаќа по добивка.

– Исплатувачите кои извршиле исплата на приходи од добивки од посебни игри на среќа (игри на среќа во казино, обложувалница и автомат клуб) немаат обврска да поднесат Годишен извештај “ПДД-ГИ“, информира Управата за јавни приходи.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1