До кога македонскиот возач ќе ја плаќа зелената карта? ЕВЕ ШТО ВИ ПОКРИВА


Според статистичката евиденција што се води во Националното биро, годишно во земјава се продаваат од 120.000 до 130.000 зелени карти . Зелената карта во Македонија се наплаќа дополнително 60 и 90 евра, во зависност од возилото, само доколку возачот го вози надвор од земјава. Во другите земји, со мали исклучоци, зелената карта е додадена во полисата за осигурување без разлика дали возилото излегува од земјата или не.

zelen karton kolaЗемјава е меѓу ретките земји во Европа која плаќа висока цена за осигурување од авто-одговорност.

– Зошто Р. Македонија не е потписничка на мултилатералната спогодба (multilateral agreement)?

– Кога ќе се укине и кај нас зелената карта?

За патување со автомобил на српските возачи веќе не им е потребен зелениот картон за влез во 28-те државите на Европската унија ниту пак за, Швајцарија, Норвешка, Исланд и Андора. Единствено овој документ им треба за Македонија и Босна.

Од државите во регионот зелен картон им е потребен за влез во Македонија и Босна, бидејќи овие држави не се потписнички на Мултилатералната спогодба. Имено, веќе од 01. 01. 2012 година Србија е членка на Мултилатералната спогодба по која за патување со автомобил во наведените земји е доволно да се поседува регистарска ознака, односно налепница.

За влез во Црна Гора на Србите исто така не им е потребен зелен картон со кој се регулира осигурување на возилото, бидејќи Здружението за осигурување на Србија и Националното биро за осигурување на Црна Гора имаат потпишано посебна спогодба со која е прифатен принципот на регистарска ознака. Од 01. 01. 2012 година Србија и уште 33 земји пристапија кон Потсистемот на регистарски ознаки, – спогодба која важи за сите земји на Европската унија, освен за Русија.

Со оваа Одлука Србите, кои во летниот период најчесто патуваат за Грција, доколку одат преку Македонија, ќе мора да платат за зелен картон 2000 динари или околу 18 евра, со тоа што картонот важи за цела година (додека за државјаните на Македонија чини 90 евра, како е можно ова?).zelena karta mapa

Неопходноста од поседување на Меѓународна карта за осигурување – ткн. „ЗЕЛЕНА КАРТА“ останува во сила за возила кои се наоѓаат на територија во следните земји:

• Русија, Белорусија, Украина, Молдавија, МАКЕДОНИЈА, Мароко, АЛБАНИЈА, БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА, Тунис, Турција, Израел и Иран.

 

ШТО Е ЗЕЛЕНА КАРТА?

tur-granica_620x0ЗЕЛЕНАTA КАРТА е полиса која се употребува во преку 40 земји (за граѓаните на Македонија) во Европа. Со зелената карта се обезбедува покритие до минималните суми за секоја штета која ќе биде причинета со возилото на кого гласи истата. Зелената карта Ви е неопходна за да бидете заштитени доколку Вие сте учесник и виновен за некоја сообраќајна незгода и настанат било какви штети предизвикани со Вашето возило на територијата во посетената земја

ПОКРИТИЕ НА ЗЕЛЕНА КАРТА?

Било какви штети на трети лица:

• материјални штети (оштетено странско возило, објект на патот …)

• нематеријални штети (повредени и погинати лица).

Сепак вакви цени има само во нашата Македонија. Србија на пример плаќаа претходно при регистрација 15 евра годишно и тој зелен картон им важеше за цела Европа освен за Македонија и за Босна – за кои земји мора да вадат посебно и чини дополнителни 20 евра.zelen karton kola

Но последните години во Србија е укинат зелениот картон – а и осигурувањето не е значително поскапено, односно иако зелениот картон е укунат поодамна тоа поскапело дури оваа година – и тоа за мала сума, недоволна за да се каже дека таа давча за зелен картон е причина за поскапувањето. Но за србите кој сакаат да возат низ Македонија и Босна се уште треба зелен картон што ги буни возачите кој не патуваат често во овие земји. Па на граница се принудени да вадат картон кој важи за неколку дена и чини богами многу. Чиста пљачка – коментираат возачите.

Еве зошто се вади зелениот картон

zelena karta kolaТоа е еден вид проширување на важноста на задолжителното осигурување од автомобилска одговорност и ги покриваат евентуалните штети кои ќе се причинат на трети лица со управување на моторните возила при патување во странство односно во земјите членки на системот на зелена карта. Она што треба да го знаеме е дека зелените картони се географски ограничени на Европа и Медитеранот и земјите кои гравитираат кон нив. Но не сите – овој систем опфаќа вкупно 47 земји: сите европски освен Косово, плус Израел, Иран, Тунис и Мароко. Тоа значи дека ако патувате, на пример, во Египет, ќе треба да платите посебно осигурување. Македонија со Косово има меѓусебен договор па за таму не сме оптоварени со дополнителни трошоци, но ако сте наумиле да возите низ другите делумно меѓународно признати земји или територии, како што се Транснистрија, Абхазија, Јужна Осетија, Нагорно Карабах, Северен Кипар, Палестина и Сахарска Арапска Демократска Република, тогаш ќе платите за осигурување за таму.

Истото ќе ви се случи и ако зелениот картон е погрешно или нецелосно пополнет, како на пример ако нема податоци за марката или регистарскиот број на возилото или истите не се совпаѓаат со оние од сообраќајната дозвола или полисата за осигурување од трети лица, ако му е изминат рокот на важење или пак тој не се совпаѓа со важењето на полисата, нема податоци (име и адреса, потпис и печат) за осигурувачот, ако е оштетен, скинат или од него не може да се утврди содржината, има прешкртувања, преправања на букви или броеви и слично. Во такви случаи пред патување во странство треба да се побара нов зелен картон.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1