До олтар ја однел човекот во кого чука срцето на нејзиниот татко (ВИДЕО)


Благодарение на достигнувањата на модерната медицина, венчавката на Џени Степиен трогнала милиони луѓе низ светот, бидејќи оваа невеста до олтарот ја одвел човекот кој го носи срцето на нејзиниот починат татко, откако семејството по несреќата ги донирало неговите органи.

Таткото на Џени Степиен е убиен во 2006 година кога се враќал дома од работа. Од непосредна близина во неговата глава пукало 16-годишно момче сакајќи да го украде неговиот паричник.dzeni(1)

Семејството Степиен одлучило да ги донира сите негови органи, а срцето завршило во градниот кош на тешко болниот Артур Томас кого од смртта го делеле само неколку денови.

Трансплантацијата, за среќа, била успешна. Откако закрепнал, Томас на семејството Степиен му испратил писмо во кое им се заблагодарил на членовите, а потоа продолжиле да го одржуваат контактот преку имејлови и телефонски повици.

Џени во октомври минатата година се свршила со Пол Манер и едно од првите прашање кои ја окупирало било кој ќе ја одведе до црквениот олтар на денот на венчавката.

– Си помислив колку прекрасно би било на венчавката да биде и дел од мојот татко. На предлог на мојот свршеник му се јавив на господинот Томас и го прашав дали би се согласил да ме одведе до олтарот – раскажала Џени.

Артур се согласил и допатувал во Пенсилванија ден воочи венчавката. Тогаш првпат го запознал семејството Степиен во живо.

Чинот на венчавката и моментот кога Артур ја одвел Џени до олтарот бил многу емотивен момент за сите присутни гости.

– Цело време си мислев, мојот татко е сега со нас – емотивно раскажала Џени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1