Доаѓа пекол: Летото не не’ одмина, само доцни – најава за пеколни горештини


По 15 години мирување, човештвото ќе се соочи со температурен пекол, предупредуваат научниците од Универзитетот Мекгил во најновата студија за глобалното загревање.

toplo-vremeТие тврдат дека од 1998 до 2013 година, растот на глобалната температура стагнирал, што е природна појава и трае во интервали од околу 15 години, а не можа да се припише на намалување на количината на гасови, кои предизвикуваат ефект на стаклена градина, како што се мислеше досега.

“Сепак следните години не чекаат големи жештини, поради зголемување на количината на ефектот на стаклена градина, кои се уште не го покажале својот разорен потенцијал“, велат научниците

Од 1992 до 1998 година глобалната температура растела со рапидна брзина, а потоа стагнирала. Сега почнува ново време на промени, оценуваат авторите на студијата од Унивезитетот Мекгил.

Многу метеоролози тврдат дека не паметат вакво необично лето во последните 30 години. Месеците пред летото беа натпросечно топли, а таквите промени доведуваат до “метеоекстреми“.

Затоа и тврдат – сезоната на капење можеби ќе трае до ноември годинава!

Tags:

MK News

Автор инфо

One Response to “Доаѓа пекол: Летото не не’ одмина, само доцни – најава за пеколни горештини”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.