Добила сметка за мобилен 1.7 билион евра


Оператотот „Buiges“ на французинката Солен Сан Жозе и испратил сметка од која и цела држава би ја заболело глава.

Како што пренесуваат француските медиуми, Солен се откажала од услугите на операторот и добила писмо со барање да плати заостанат долг – сметка во износ од 11.721.000.000.000.000 евра ( 11,7  билион евра).

– На сметката имаше толку нули што не ни знаев колку се тоа пари  – изјави Солен. Се јавила во центарот за корисници, но ѝ било кажано дека сметките се електронски, автоматски и не грешат и мора да ја плати наведената сума.

Но откако медиумите се заинтересирале за случајот портпаролот нa операторот, ја призна грешката за агенцијата „Франс прес“. Жената всушност должи 117,21 евро. Поради грешката операторот решил на поранешната муштерика да ѝ го прости целиот долг.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1