ДОЈДЕ ЖИВОТ Се бара копирант со средно во МЕПСО за плата од 25.000 денари


АД МЕПСО, Скопје, објави јавен оглас за потреба од засновање на работен однос со 9 работника за извршување на работи на неопределено време.

Огласот на државна компанија МЕПСО во кој бара да вработи копирант во архива со средно образование и без искуство, а за сработеното месечно да добива нето платата од 24.900 денари покрена лавина од реакции на социјалните мрежи.

Додека едни сметаат дека конечно дојде живот за македонските работници, други коментираат дека копирантот со ниту ден искуство, како за почетник ќе се офајди со добра плата од 25.000 денари. Сепак, вистината е сосема поинаква – не е проблем големата платата на државниот копирант, туку премалите плати на македонските рмбачи.

КОПИРАНТ ВО АРХИВА

· Умножува, средува и поврзува материјал за потребите на Друштвото;

· Се грижи за техничката документација во Друштвото, се грижи за чување на месечните, неделните и дневните списанија, се грижи за чување стручната литература и за истите води евиденција за нивно издавање;

· Се грижи за исправноста и функционирањето на машините и средствата за умножување за што благовремено превзема мерки самиот а доколку има потреба за тоа го известува одговорното лице, со цел благовремено да се превземаат мерки за нивно исправно функционирање;

· Требува материјал за потребите на умножување и води евиденција за утрошниот материјал;

При изработка на секој писмен документ,поврзан со работните задачи од делокругот на работникот,со ставањето на својот потпис на истиот,работникот со целосна одговорност стои зад точноста и вистинитоста на така изработениот документ.
· Работникот е должен да ги извршува и другите работи покрај оние предвидени во описот, што одговараат на неговата стручна подготовка и работна способност, кои ќе му бидат дадени од страна на раководителот на службата.

Услови:

· Средно образование

· IV степен

· без работно искуство

· број на извршители 1

Овој оглас веќе предизвика бура од реакции на социјалните мрежи. Во денешно време во голем број претпријатија плати од 25.000 денари земаат вработени со завршени факултети. Како и да е, кој и да го лапне ова убаво работно место, со среќа да си ги троши парите.

Еве ги и другите огласи

ЈАВЕН ОГЛАС

За потреба од засновање на работен однос со 9 (девет работника за извршување на работи на неопределено време. во Операторот на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско Друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост Скопје или скратено АД МЕПСО, Скопје,
Кандидатите, покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнуваат посебните услови за пополнување на следните работни места:

1 (еден) извршител на работното место шеф на Кабинет на Генерален директор со Висока стручна подготовка ВСС VII /1 степен или по национална рамка за ВОК/ЕКТС VIA/240 ектц со две години работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 45.300. 00 денари,

2 (два извршители на работното место советник во Кабинет на Генерален директор со Висока стручна подготовка ВСС VII/1 степен или по национална рамка за ВОК/ЕКТС VIA/240 ектц со две години работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 45.300. 00 денари,

1 (еден) извршител на работното место преведувач во Кабинет на Генерален директор со Висока стручна подготовка ВСС VII /1 степен Филозовски /филолошки факултет (англиски и германскијазик) или по национална рамка за ВОК/ЕКТС VIA/240 ектц со три години работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 41. 900, 00 денари,

1 (еден) извршител на работното место советник во Кабинет на директор за финансиски работи со Висока стручна подготовка ВСС VII /1 степен Економски факултет или по национална рамка за ВОК/ЕКТС VIA/240 ектц со три години работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 45.300, 00 денари,

1 (еден) извршител на работното место координатор во Кабинет на директор на Сектор за ИТТК, со Висока стручна подготовка ВСС VII степен или по национална рамка за ВОК/ЕКТС VI/1 80240 ектц без работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 35.100, 00 денари,

1 (еден) извршител на работното место одговорен инженер за развој на пазарот на електрична енергија во служба за развој на пазарот на електрична енергија во Оддел за развој и истражување на пазарот на електрична енергија, Подружница ОПЕЕ, со Висока стручна подготовка ВСС VII/1 степен Електротехнички факултет енергетска насока или по национална рамка за ВОК/ЕКТС VIA1 VII /240300 ектц со 2 години работно искуство во областа на електроенергетиката за кое работно место нето платата изнесува 40.800,00 денари,

1 (еден) извршител на работното место копирант во архива во служба за општи работи Оддел за општи работи во Сектор за правни и општи работи со средна стручна подготовка ССС IVcTeneH без работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 24.900,00 денари,

1 (еден) извршител на работното место самостоен инженер за анализа на мрежа во службаза оперативно планирање, Оддел за управување со ЕЕС во Подружница ОЕПС со Висока стручна подготовка ВСС VII /1 степен Електротехнички факултет или по национална рамка за ВОК/ЕКТС VIA/240 ектц без работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 38.500,00 денари.

Со пријавата, во која се наведува за кое работно место се аплицира, кандидатите треба да достават:
Кратка биографија (CV и писмо за мотивација
Доказ за завршено образование (во оригинал или копија заверена кај нотар)
Уверение за државјанство (копија
Доказ за работно искуство, со наведување на работното искуство и времетраењето на тоа искуство, издаден од компанија /институција/орган, со која се докажува дека лицето (кандидатот) со конкретен степен на стручна подготовка има стекнато работно искуство, вештини и слично во оргинал или копија заверена кај нотар) и
Контакт телефон

Огласот трае 5 пет работни дена од денот ша објавувањето не сметајќи го денот на објавувањето).
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавувањето во зависност од бројот на пријавените кандидати
Работниот однос се заснова на неопределено време.
Работната недела трае 5 работни дена (од понеделник до петок), полното работно време изНесува 40 часа неделно со 8 работни часа дневно почетокот и завршетокот на дневното работно време е од 7, 45 часот до 08, 15 a заминување од работа од 15, 45 часот до 16, 15 часот со право на пауза во текот на дневната работа во траење од 30 минути во периодот од 10, 00 часот до 12, 00 часот.
Ненавремено доставените, како и некомплетните пријави, нема да се земат во предвид при разгледувањето.
Рокот за доставување на пријавите и документите на заинтересираните кандидати изнесува 5 (пет) работни дена ,сметано од наредшиот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавувањето).

Сите апликации ќе бидат обработени со максимална доверливост.
За извршениот избор пријавените кандидатите ќе бидат известени во рок од 5 (пет) работни дена од денот на склучувањето на договорот за вработување со избраниот кандидат.
Операторот на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско Друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост Скопје или скратено АД МЕПСО, Скопје нуди еднакви можностиза вработување без оглед на пол, paca, возраст, политичко мислење, брачен статус, религија, етничка или национална припадност.
Потребните документи да се достават на адресата на АД МЕПСО Скопје, ул. Максим Горки” бр. 4 Скопје.
Генерален директор,
Сашо Василевски

Tags:

MK News

Автор инфо

One Response to “ДОЈДЕ ЖИВОТ Се бара копирант со средно во МЕПСО за плата од 25.000 денари”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.