Дојран очекува до 15 илјади гости за празниците


За продолжениот Велигденски и Првомајски викенд приватните угостители и комерцијалните објекти во Дојран се максимално подготвени да ги пречекаат гостите кои треба да пристигнат во попладневните часови, изјавија од Туристичкото биро во Дојран.dojran plaza mk6

– За претстојниот празничен викенд не може да се најде слободен кревет, а по наша проценка на дојранското крајбрежје ќе претстојуваат од 12 до 15 илјади гости од земјава и странство. Во приватното сместување креветите се издаваа по 300 денари, а апартманите од 1.000 до 1.500 денари додека пак во хотелите ноќевање со доручок чини од 1.200 до 1.500 денари. Сите расположливи капацитети се веќе пополнети и Дојран е подготвен да ги прими првите гости, рече раководителот на Туристичкото биро, Перо Митаноски.

Дојран како град на културата, како што истакна Митаноски, посебно се ангажира околу забавата за младите, кои се очекуваат во голем број. – Од утре до понеделник преку ден и во вечерните часови ќе се организираат журки на плажа со познати диџеи од Македонија, Грција и Бугарија, додаде тој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1