Доктори извадиле 232 заби од устата на тинејџер


Вкупно 232 заби биле извадени од долната вилица на едно седумнаесетгодишно момче во Индија. Операцијата траела седум часа, објави BBC.

INDIA-HEALTH

Ашик Гаваи бил примен во болницата во Мумбај со оток на десната страна на вилицата и силни болки, рекла др. Сунанда Диваре за BBC.

Отокот кај момчето се појавил пред 18 месеци и кога докторите во неговото село повеќе не знаеле што да направат, го упатиле тинејџерот во болница во Мумбаи.

Диваре рекол дека кај Ашик бил дијагностициран бениген тумор при што непцата создаваат вишок заби. Докторите го опишале неговиот случај како многу редок и светски рекорд.

„Отпрвин не можевме да ги извадиме, па моравме да употребиме длето и чекан. Кога го отворивме отокот, забите почнаа да испаѓаат. Изгледаа како мали бели бисери. На почетокот ги броевме, но се уморивме. Откако ги извадивме изброивме 232 заби“, рекла Диваре.

Во операцијата учествувале двајца хирурзи и двајца асистенти. Ашик сега има 28 заби. Неговата состојба се опишува како многу ретка, а лекарите кои ја направиле операцијата велат дека во последните 30 години не е виден ваков случај.

До сега во сличен случај биле извадени 37 заби од горната вилица, додека кај Ашик сите заби биле сместени во долната вилица, а бројот на заби ги надминал сите досегашни.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1