Донесен законот со кој се укинува радиодифузната такса


Собранието денеска го донесе законот со кој се укинува плаќањето на радиодифузната такса.

Измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги беа донесени по скратена постапка.

Со законот се предвидува приходот, што досега го добиваше МРТ преку собирање на оваа давачка, да се финансира од државниот Буџет и тоа во износ од 0,5 проценти од вредноста на Буџетот на годишно ниво. За таа цел потребно е да се одвојат 885 милиони денари на годишно ниво од Буџетот на Република Македонија за 2018 година. Покрај од Буџетот, МРТ ќе се финансира и од други средства, односно од приходи на кабелските оператори и од приходи остварени со продажбата на програма произведена во МРТ.

Пратеникот Томислав Тунтев, кој е еден од предлагачите на законот, истакна дека со ваквото законско решение ќе се ослободат граѓаните од една непотребна давачка, а од друга страна ќе се зголеми ефикасноста во работата на МРТВ.

– Не секогаш беа собирани сите средства. Сведоци бевме на финансиска дупка од пред две години на МРТВ. Ова е начинот кој ние го предлагаме за да ги ослободиме граѓаните од една неприродна давачка и да се зголеми ефикасноста во работата и функционирањето на јавниот радиодифузен сервис, рече Тунтев.

Радиодифузната такса беше воведена во 2005 година.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1