Довчерашните непријатели решени заедно да го рушат Груевски


Немаат ништо заедничко освен желбата да го срушат Груевски. Некогаш лути политички противници, лидерите на СДСМ и ВМРО-Народна партија и поранешни премиери, Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски си подадоа рака на денешната средба.

Сметаат дека демократијата во земајта е загрозена, дека Македонија се наоѓа во економски дебакл и дека е во комплетна меѓународна изолација. Погубната политика на Владата ги натерала да седнат на заедничка маса .

„За Тодор Александров имаме разлики во гледањата, но за погубната политика на Никола Груевски немаме разлики. Во Македонија тоа е клучното прашање. “, рече Црвенковски.

„ Можам да кажам дека во овој момент СДСМ и ВМРО-НП имаат многу точки што ги зближуваат и тие точки вредат за натаму да ја продлабочиме собработката, да ги продлабочиме разговорите и мислам дека оваа средба ќе биде добра инспирација за едни натамошни разговори”, изјави Георгиевски.

Црвенковски и Георгиевски не прецизираа дали ќе влезат во коалиција на локалните избори во 2013 година. Велат дека се подготвени во разговорите да се вклучат и партии од албанскиот блок

„ Состојбите во многу области се катастрофални, економијата пропаѓа, сиромаштијата се зголемува, нема демократија, евроатланските интеграции на земајта се целосно загрозени. Чувствуваме заедничка обрска, да направиме сé државата да се врати во нормален колосек. Некој ќе биде во валст, некој ќе биде во опозицијата, меѓутоа Македонија ќе биде на вистинскиот пат”, рече Црвенковски.

Share Button

Tags: , , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1