Дожд, грмежи и снег на некои места- погледнете какво ќе биде времето викендов


Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има локален дожд, кој повремено ќе биде пороен со ретки грмежи, особено во планинските подрачја. Температурата ќе биде во интервал од 19 до 25 степени.dozd

Во недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на места со умерен интензитет, а ќе има и услови за ретки грмежи. Во текот на денот ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен западен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 15 до 22 степена.

Кон крајот на денот поради спуштање на значително постудена воздушна маса од североисток, ветерот ќе го промени правецот во северен, а на планините врнежите ќе преминуваат во снег.

Во понеделник ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремени врнежи од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови. На планините ќе се формира и нова снежна покривка. Температурите позначително ќе опаднат и ќе бидат во интервал од 7 до 13 степени.

Потоа ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури (во средината на неделата од -2 до 4 степени), а дневните ќе бидат во постепен пораст.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1