Дожд и силен ветер – попладне доаѓа страшно невреме, нова прогноза на УХМР


Врнежи за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м 2 ): 20 Пожаране, 19 Тетово, 16 Маврово, 14 Лазарополе, 10 Гевгелија, Дебар, 8 Скопје, 6 Дојран, 4 Куманово, 2 Крушево, 1 Ѓуриште. ulica dozd 3 mk

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има попладне во источните делови, каде локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. На места се очекува да наврнат над 25 л/м2, а можна е и појава на краткотрајно невреме. Ќе дува засилен ветер од јужен, а во западните делови од југозападен правец.

Најсилен ветер се очекува во источните делови на Повардарието и на југозападот од земјава. Попладне ветерот ќе почне да се менува во северозападен.

Во ноќните часови поради спуштање на студен воздух од север на планините врнежите ќе бидат од снег, но ќе слабеат и престануваат. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 степени.

Во Скопје температура до 16 степени.hgfhfghfg

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со локални слаби врнежи од дожд, а на планините ќе провејува снег. Ќе дува засилен ветер од западен и северозападен правец, а најсилен се очекува да биде во југозападните и јужните делови од земјава (на моменти со брзина и над 90 км/час). Во петок ќе биде суво, студено и ветровито, а ветерот ќе биде северозападен и особено изразен вдолж Повардарието.

Температурите значително ќе опаднат, при што утринските за време на викендот на повеќе места ќе бидат околу или под нулата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1