Дожд и ветер- еве какво време не` очекува до крајот на неделава


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен дожд, особено попладне во јужните и западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од четири до 16 степени.rain - dozd

Во Скопје пак, ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Температурата ќе достигне до 13 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд и умерен јужен ветер.

Повеќе врнежи се очекуваат во сабота, кога повремено ќе дува и засилен јужен ветер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1