Дожд од пари на автопатот во Германија: Врз автомобилите паѓале евра


Mаж кој заборавил да ја земе својата актовка од кровот на автомобилот, викендов предизвикал воодушевување на еден автопат во јужна Германија. Кога тргнал, од неа почнале по целата сообраќајница да летаат пари на задоволство на возачите кои доаѓале од зад него.evra-50-640x424

Откако застанал на бензиска пумпа, 62 годишниот маж од Велика Британија заборавил да си ја прибере својата ташна која претходно ја оставил над автомобилот, соопштила вчера германската полиција.

Како што раскажал еден од вработените на бензиската пумпа, парите се разлетале наназад, а дел од возачите застанале и се пуштиле да ги собираат.

Несреќниот сопственик само мал дел од парите успеал да ги добие назад.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1