Дознајте чија сте реинкарнација: Годината на раѓање открива кој сте биле, кој сте и кој ќе бидете


Многу често можеби си кажувате себеси дека нешто не ви е судено во овој, но веројатно ќе ви се случи или се случило во другиот живот, а ние ви откриваме кој сте биле некогаш и што ќе бидете во иднина.

Промените во човечкото тело во моментот на смрт успеал да ги сними Доктор Константин Котротков, професор по информатика, компјутери и биофизика на Државниот универзитет за информатички технологии, механика и оптика во Ст. Петерсбург.reinkarnacija

Неговиот тим и тој докажале дека енергетскиот облик тогаш го напушта организмот, а Коротков се осудил да ја нарече човечка душа која, тврди рускиот научник, ја преживува смртта и повторно се раѓа во ново тело во следниот живот.

Иако официјалната наука недвосмислено ги демантира овие тврдења, експериментите на д-р Коротков прв пат во историјата успеале да се приближат емпириски. Значи, ако реинкарнација сепак постои, дознајте кој бил вашиот втор живот.

Трагачи за среќа

Година: 1927, 1936, 1945, 1954, 1963, 1972, 1981, 1990, 1999, 2008, 2017.

Минато: Во минатиот живот сте биле цар, крал, владател или сте припаѓале на некое високо племе.
Сегашност: Просперитетот често ви бега. Во втората половина на животот ќе имате повеќе среќа и на крајот – ќе бидете задоволни со судбината. Страсно го сакате спротивниот пол, но не сте промискуитетни. На сите полиња трагате за среќа и длабоки задоволства. Склони сте кон депресија.
Иднина: Следниот живот ќе го поминете во планина како сиротиња или екстремен спортист.

Романсиери

Година: 1926, 1935, 1944, 1953, 1962, 1971, 1980, 1989, 1998, 2007, 2016.

Минато: Во предминатиот живот сте биле син на демон, а во минатиот канибал. Сте поминувале многу време скитајќи низ световите.
Сегашност: Можно е да бидете писател на љубовни драми или хорор романи. Имате силна харизма и би можеле да бидете политичар, оратор или водител. Зборувате малку, но остро, а поради своите необични зборови често ќе се среќавате со љубомора и омраза.
Иднина: Во паралелниот универзум ќе бидете дух, а во овој монах.

Уметници

Година:1925, 1934, 1943, 1952, 1961, 1970, 1979, 1988, 1997, 2006, 2015.

Минато: Во некој од претходните животи сте биле диктатор кој убил илјадници луѓе, потоа сте биле канибал, и на крај слон.
Сегашност: Никогаш не ви е доста од пари, моќ, слава…Неодлучни сте и амбивалентни. Можно е да имате неколку брака. Пазете се од луѓето кои сте ги омаложувале, во некој од наредните животи би можеле да се збогатат и да ви се осветат.

Иднина: Во некој од следните животи ќе бидете уметник.

Љубовџии

Година:1 924, 1933, 1942, 1951, 1960, 1969, 1978, 1987, 1996, 2005, 2014.

Минато: Во претходниот живот сте биле наложница на царот.
Сегашност: Честопати се чуствувате како робинка на љубовта. Поднесувате големи жртви поради партнерот. Верен и чесен пријател сте, добар човек. Сепак, склони кон негативна перцепција на реалноста, па затоа понекогаш сте цинични или или саркастична.
Иднина: Во наредната реинакрнација ќе бидете фотомодел.

Научници

Година: 923, 1932, 1941, 1950, 1959, 1968, 1977, 1986, 1995, 2004, 2013.

Минато: Во секоја претходна инкарнација сте владеале со големо знаење, а среќата ве чекала во земјата во која сте биле родени.
Сегашност: Ви претстојат големи успеси на полето на науката или во некоја интелектуална активност. Ретко кога сте задоволни со резултатите на својата работа бидејќи сте перфекционист, но затоа несебично им помагате на другите да ги остварат своите цели.
Иднина: Во следниот живот ќе бидете принц.

Астролози

Година: 1922, 1931, 1940, 1949, 1958, 1967, 1976, 1985, 1994, 2003, 2012.

Минато: Надарени со силен ум и интуиција, некогаш сте биле биолог или лекар.
Сегашност: Ќе имате многу пријатели и љубовници. Добри сте кон другите, а за возврат добивате неблагодарност. Вашиот настап е одбивен но затоа ви е чиста душата. Тешко одржувате сериозни врски, а лесно паѓате во авантури. Вашите случаји претскажувања се точни
Иднина: Ќе бидете голем научник или астролог.

Горди луѓе

Година: 1921,1930, 1939, 1948, 1957, 1966, 1975, 1984, 1993, 2002, 2011.

Минато: Сте биле или полубог или злобен планински дух. Поради тоа во вас имало гнев и агресија.
Сегашност: Ќе добиете се што посакате, вклучувајќи ја и власта, која ќе ја изгубите поради предавство. Секогаш имате сила она што сте го постигнале еднаш да го добиете повторно. За вас е карактеристично да ги менувате традициите, да ги кршите правилата и да ги поместувате границите.
Иднина: Во следниот живот ќе бидете монах, или личноста која цврсто се држи до правилата.

Миленици на судбината

Година: 1920, 1929, 1938, 1947, 1956, 1965, 1974, 1983, 1992, 2001, 2010.

Минато: Пред два живота сте биле војник барбарин, а потом сте се родиле како уметник.
Сагашност:Омилени сте во друштвото на богатите и моќните, па помош имате од многу страни. Добри сте со здравјето. И кога се разболите, брзо оздравувате. Дури ни вашите лоши дела немаат сила да предизвикаат казна. Боговите секогаш ве штита. Многу сте интелигентни и талентирани.
Иднина: Во следниот живот ќе бидете скулптор или духовник.

Исцелители

Година: 1919, 1928, 1937, 1946, 1955, 1964, 1973, 1982, 1991, 2000, 2009.

Минато: Во животот пред овој сте биле дете на боженствена медицина
Сегашност: Мора да бидете лекар или некој кој им помага на другите. Ако ја следите својата судбина, животот ќе ве награди со благосостојба, ако бегате од обврски кои небото ви ги дало, пријателите ќе се свртат против вас. И богатството ќе бега од вас.
Иднина: Ако бидете во согласност со судбината, ќе се родите како исцелител.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1