Дознајте ја вашата судбина според формата на прстите


Веројатно повеќето од вас имаат слушнато за одредување на судбината според линијата на животот на рака или преку гледање на рака. Но , знаевте ли дека судбината може да одреди според обликот на вашите прсти.

Постојат пет главни видови на врвови на прсти: Квадратна, Заоблена, Конусовидна,Заострена и Лопатовидна форма.

prsti

Квадратна

Ако врвовите на вашите прсти се квадратни , вие сте реални – сериозни и насочени. Животот ви е успешен и имате шанса да направите добро пари и да постигнете многу големи успеси. Борбениот дух ве спасува од многу пречки.

Заоблена

Доколку пак, врвовите на прстите ви се заоблени, вие сте весела личност и голем оптимист. Брзо се приспособувате кон сите промени. Убедени сте дека на крајот се ќе се заврши добро и тоа во повеќето случаи се покажува точно така.

Конусовидна

Ако врвовите на прсите ви се конусовидни , вие сте вистински среќници. Ги имате сите квалитети на лидер, умеете да ги промовирате подредените и да го вадите најдоброто од нив. Не случајно сте секогаш во центарот на вниманието.

Заострена

Доколку прстите ви се со заострена форма, вие сте голем среќник. Овој вид на отпечатоци се најретките и најчесто се забележителни од далеку. За вас среќата е секогаш на ваша страна. Во животот се ќе ви биде гладко и лесно.

Лопатовидна

Доколку пак врвовите на прстите ви се лопатовидни, вие сте исклучително активена и динамична личност. Никогаш не преморувате. Постојано имате потреба од нови предизвици за да се докажете. Во повеќето случаи станува збор за исклучително паметни и начитани луѓе со голема амбиција.

Mkdpres

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1