Дозволено е: Ке се прави нова обдукција на телото на Дениса


Судска медицина доби овластување да направи обдукција или ДНК анализа на телото на младата прилепчанка Дениса Маркоска, која мистериозно го загуби животот во Грција, пишува Вечер.

Ова го потврди професорот Алексеј Дума кој изјави дека добил овластување од министерот за здравство Никола Тодоров.denisa-1-500

– Само што го завршив разговорот со министерот Тодоров. Тој ми ја објасни ситуацијата и даде дозвола инситутот за судска медицина да им излезе во пресрет на барањата на семејството Маркоски. Во моментот кога ќе го добиеме телото ќе постапиме според процедурата, рече Дума.

Со ова ќе се стави крај на драмата околу обдукцијата на телото на младата прилепчанка за која ниту една надлежна инситуција во државата не даде дозвола и си ја префрлаше одговорноста.

Семејството на Дениса во неколку наврати апелираше до наделжните, во јавноста и до премиерот Груевски да им овозможат уште една обдукција или барем потврда на ДНК.

Трагичниот настан се случи на 12 септември кога Дениса исчезна од бродот “Серенисима” а нејзиното тело беше најдено десетина дена подоцна во фаза на распажање.

За резултатите од обдукцијата на грчките патолози се чекаше уште петанесетина дена и тие потврдија дека станува збор за малата прилепчанка.(О.Ч.)

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1