Драма кај Рамстор: Со секира искршил стакло на автобус – тргнал да го тепа возачот


Четириесет годишниот скопјанец А.С. вчера поплaдне започнал расправија со возач на автобус со возен број 9, Е.А. (32) на ул. „Св.Кирил и Методиј“.ramstor07

-Поради недоразбирање во сообраќајот А.С. излегол од своето „Ауди А4“, со скопски регистарски ознаки, и со секира удрил во страничното стакло од автобусот и се обидел преку искршеното стаклото да го нападне возачот. Потоа влегол внатре во автобусот, со намера да го нападне возачот, но од страна на патниците кои биле во автобусот бил спречен во намерата, информираат од полицијата.

Од страна на Алфите А.С. е приведен, а се преземаат мерки за расчистување на настанот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1