Драма на автопатот Скопје – Велес: Момче скокна во провалија пред вереницата и нејзиниот вујко


Е.К. (30) од Пехчево  скокнал во провалија пред вереницата и нејзиниот вујко. Немилиот настан се случил на автопатот Скопје – Велес кај местото Ветерско, а Е.К. и покрај потрагата која траела до полноќ, не бил најден.

Како што соопшти полицијата, Е.К. најпрво се паркирал со возило на просторот кај Ветерско, потоа излегол од него и скокнал. Пребарување на теренот извршила екипа од ЕСЗ „Тигар“, но безуспешно.

Рано утрово околу четири часот Интерното одделение на ЈЗУ – Велес пријавило дека лекарска помош побарало лицето Е.К., кое било донесено од роднина.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1