Драма во Хаг: Обвинет испил отвор во судницата – прекинато читањето на пресудата (Видео)


Слободан Праљак, еден од обвинитетите во случајот „Прлиќ“ испил, според неговиот адвокат, отров во судницата на Трибуналот, откако му е потврдена казна затвор од 20 години.

Во моментот прекинато е читањето на пресудата.

Праљак по изрекувањето на пресудата извика дека ја отфрла пресудата и оти не е воен злосторник, по што отпи од мало шишенце.

Советот првично продолжи да ја чита пресудата, но некој во судницата повика дека во прашање е отров и читањето е прекинато.

Претходно, Жалбениот совет на Хашкиот трибунал потврди казна од 25 години затвор за Јадранко Прлиќ, како и 20 години затвор за Бруно Соиќ

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1