Драма во Калининград: Авион излета од писта (ВИДЕО)


Аеродромот Храброво во Калининград беше затворен до 10 часот утрово од технички причини, поради принудно слетување на авионот А320, соопшти прес-службата на Главната управа на Министерството за вонредни ситуации за калининградските области.avion-izletan1

Во вторникот вечерта дошло до инцидент кога авионот кој сообраќал на релација Москва-Калининград за време на слетувањето излетал од пистата. Во авионот се наоѓале 7 членови на екипажот и 167 патници. На тројца патници им била пружена лекарска помош.avion-izletan

Аеродромот работи со посебен режим. Отворен ќе биде секој ден од шест наутро до 23 часот и затворен за ноќни летови поради реконструкција на пистата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1