Драма во Куманово – полицијата приведува и oдзема избирачки материјал тврди СДСМ


Вечерва во Куманово се случува вистинска драма. Неколку лица се приведени, а полициски сили влегоа во Општинската изборна комисија од каде е однесен избирачки материјал од три места. Оливер Спасовски од СДСМ изјави дека е издаден налог за да се земе материјалот од три избирачки места, поради наводно неостварени избирачки права, јавува телевизија Телма.

KUMANOVO_Тој нагласи дека сето ова се случува затоа што неофицијално министерката Гордана Јанкуловска била шеф на изборниот штаб на кандидатот од ВМРО-ДПНЕ Зоран Ѓоргиевски, кој загуби. Се работи за сценарио, бидејќи записниците од изборите беа потпишани од сите членови на избирачките одбори и од Комисијата.

Спасовски ги повика кумановци и членовите на ВМРО-ДПМНЕ да не подлегнуваат на вакви сценарија за да се одземе победата на Дамјановски и и` порача на власта дека кумановци нема да дозволат „тренирање на строгост“, зашто на изборите јасно и кажаа на власта дека нема доволно доверба.

Како што пишува Дневник – одземанњето на избирачки материјал е по налог на истражен судија – Државната изборна комисија за утре во 10.00 часот ќе одржи седница за наводни спорни резултати на три избирачки места во општина Куманово.

Разгледување на Барањето од ОИК Куманово следува по доставени наредби од истражен судија за одземање на избирачкиот список од ОИК Куманово за три избирачки места.

Инаку, победник во вториот круг од гласањето во Куманово е актуелниот градоначалник Зоран Дамјановски од опозиционерскиот “Сојуз за иднината“.

Извор – Телма 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1