ДУИ: Ако нема Закон за јазици нема да има ни Влада


Во опширна анализа весникот “Независен” пренесува пораки од ДУИ до СДСМ според кои без спроведувањe на Законот за јазици во првичната форма ќе се распадне владата.

Весникот пишува дека ДУИ не сака повеќе да разговара на оваа тема со СДСМ и дека бара Заев проблемот да го решава со лидерот на опозицијата Мицкоски.

Според дел од албанските интелектуалци наместо законот за јазиците партиите треба да го решаваат името како приоритет, пишува “Независен” во текстот.

„Али Ахмети и неговата партија го предупредија премиерот Зоран Заев дека без договор за закон за албанскиот јазик ќе нема ни владина коалиција ни Влада. Иако се очекуваше, сепак извори блиски до ДУИ тврдат дека нивниот лидер Али Ахмети нема намера да седне на маса со премиерот Зоран Заев и да разговара на тема закон за јазици бидејќи истиот го сметаат за веќе завршена работа. Од ДУИ му порачаа на Заев наместо со Ахмети, да се сретне со Христијан Мицковски и да поразговараат околу амандманите на ВМРО-ДПМНЕ.“ – пишува Независен

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1