Дуке Бојаџиев стана татко


Македонскиот уметник Дуке Бојаџиев кој живее и гради кариера во Њујорк стана татко.

На осми август на свет дојде неговиот прв син Теодор, кој го носи името на неговиот,  татко Тодор Бојаџиев, кој освен како признат доктор, на јавноста и беше познат i по бројните македонски евергрини кои ги пееја познати легенди, како Сашка Петковска, Верица Ристевска и други..

И Дуке e по диплома доктор, но како и неговиот татко во срцето му е музиката.

Најголем успех е неговиот концерт во престижниот Карнеги Хол и тоа што негова песна се најде на светската компилација Буда Бар. И неговата сопруга извесно време се бавеше со музика, како член на една женска група.


Дуке е од Скопје. Пред да замине во Америка, каде се дообразуваше музички, има соработувано со Тијана, Калиопи и други пејачи, а во Америка има соработки со Сидни Лопер, дејвид Брн и други светски уметници.

Минатата година направи импресивен концерт во Антички театар во Охрид, со преработки на стари македонски песни.
Веруваме и синот ќе биде талентиран, а има и на кого, и дека ќе оди по стапките на татко си, мајка си и другите славни и талентирани Бојаџиеви. Нека е жив и здрав.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1