Двајца маскирани синоќа пукале и се обиделе да влезат во затворот во Идризово


Две вооружени маскирани лица синоќа околу 21 часот пукале во воздух и се обиделе да влезат во женскиот дел во затворот во Идризово.  

Обидот за бегство бил од женското одделение на затворот „Идризово“, потврдуваат затворениците за А1.он, а според првичните информации, осудените што се обиделе да избегаат имале и помош од надвор.

МВР сè уште нема официјална потврда за овој инцидент.

-Точно е дека имаше пукање. Две лица од задната страна на затворот, преку нивите се обиделе да се доближат во женскиот дел на затворот. Но, чуварите веднаш интервенерале. Двете лица испукале еден куршум во воздух и никој не е повреден. По настанот двајцата побегнале. Не се работи за обид за бегство и состојбата овде во затворот е мирна – изјави директорот на затворот Ќерим Махмути за МКД.мк.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1