Двајца скопјани физички нападнати на автобуска постојка на Битпазар


Неколку непознати лица вчера околу 17:30 часот на автобуска постојка на бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје физички ги нападнале М.С.(20) и Б.С.(19) и двајцата од село Мирковци, по што го напуштиле местото на настанот.

На повредените, информира МВР, им е укажана медицинска помош во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде им се констатирани телесни повреди.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1