Две деца на возраст од 3 и 4 години починаа од грип


Во текот на оваа недела регистрирани се два смртни случаи поврзани со грип. Се работи за деца на возраст од 3 и 4 години од Кичево и од Гостивар, кои биле хоспитализирани на Клиниката за детски болести – Скопје на Одделот за интензивна нега, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје за последнава недела, пренесува Плус Инфоdetska klinika

Во текот на првата недела од 2017 година, пријавени се 8.067 заболени од грип, што претставува намалување. Но и покрај намалувањето вкупниот број на пријавени случаи и оваа недела ја надминува границата на многу висока активност на грипот. И оваа недела како и минатата, најголем број заболени е регистриран на територијата на Скопје, а поголем број случаи пријавени се од Струмица, Битола и од Кавадарци.

Како и претходната, во првата недела од 2017, најголем број заболени односно 70,4 отсто од сите случаи се пријавени во најголемата возрасната група од 15-64 години, децата на возраст од 5-14 години учествуваат со 11,7% (n=946), лицата над 65 години со 10,7% (n=860), а најмал процент отпаѓа на децата од 0-4 години (7,2%).

Највисока инциденца од 500/100.000 жители е регистрирана кај децата на возраст од 0-4 години, a кај децата на возраст од 5-14 години инциденцата изнесува 408,7/100.00. Во однос на претходната недела бројот на регистрирани случаи и инциденцата кај децата на возраст од 5-14 години е речиси двојно намален.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1