Две министерки му „стегнаа“ тужби на Шилегов


Откако министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, поднесе тужба за клевета против портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, истоветна – тужба за клевета –  му поднесе и министерката за култура, Елизабета Канческа – Милевска, потврдуваат од министерството. Канческа – Милевска го тужи портпаролот на СДСМ за обвинувањата дека министерката ја злоупотребила службената должност, со тоа што при изградбата на спомениците низ Општина Центар, министерството префрлило на сметката на општината 58 милион евра, што според СДСМ е незаконска трансакција.

500petresdsm-634x320„Според најавите што ги дадовме во текот на вчерашниот ден, Министерството за култура поднесе пријава против лицето Петре Шилегов до надлежниот Суд, согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета. Господите Шилегов, Министерството за култура поседува видеозапис од вашата прес-конференција со кој, во судска постапка, многу лесно, повторно ќе докажеме дека вие и вашата партија се служите со лаги и невистини и ја манипулирате македонската јавност“, соопштуваат од Култура.

Од таму додаваат дека предмет на судската постапка ќе бидат и тврдењата на Шилегов изнесени денеска, кога портпаролот на СДСМ  изјави дека за Стариот театар биле потрошени 33 милион евра по пат на склучени договори очи в очи и ја повика министерката да го објави основниот договор.

Шилегов денеска одговори дека тужбите на министерките нема да го заплашат и дека има право да го искаже своето мислење за јавните политики на централната власт.

– Со задоволство ќе се појавам на судските рочишта. Ниту Петре Шилегов, ниту СДСМ, било каква закана со судски тужби и судски прогони нема да ги замолчат. Наша обврска и одговорност, и моја граѓанска обврска како личност е, за одлуки со кои не се сложувам за процесите кои се одвиваат во државава, да го искажам својот став и мислење. Нема никој право во државава да замолчува друг затоа што не размислува како него – изјави гласноговорникот на СДСМ.

Sky

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1