Две пријави до МВР за случајот со бебето на Гинекологија


Во врска со настанот на Клиниката за гинекологија, за наводно исчезнато бебе, од Министерството за внатрешни работи накратко информираат дека до нив биле поднесени две пријави.

Како што наведуваат оттаму, едната е од родител кој пријавил дека неговото дете било заменето, а другата од клиниката од каде што пријавиле дека тој се однесувал дрско и недолично кон персоналот.Дел од медиумите попладнево објавија изјава на татко кој тврди дека од Клиниката за гинекологија во Скопје исчезнало неговото женско новороденче. Според неговите кажувања, бебето што го видел вчера по раѓањето, не е истото што му било покажано денеска, затоа што денес било означено со погрешно презиме. Токму поради тоа, кај родителот се отвориле сомнежи дека тоа новороденче не е неговата ќерка.

Во врска со настанот поладнево со допис реагираа и од Министерството за здравство преку кој информираа дека разговарале со директорката на Клиниката.

„По спроведување на законските процедури и утврдување на околностите, дополнително ќе ја информираме јавноста“, беше наведено во дописот од министерството.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1