Две скопјанки каснати од куче на улицата „Патение Зографски“


Две скопјанки завчера околу 13 часот во два одделни случаи биле каснати од куче на улицата „Патение Зографски“ во скопската населба Водно.

Како што информира МВР, првиот случај го пријавила Т.Н.(30) која посочила дека била нападната и касната од куче додека се движела на улица „Партение Зографски“ при што се здобила со повреда на десната нога. Вториот случај го пријавила 30-годишната О.В. која рекла дека била нападната и касната од куче при што се здобила со повреда на левата нога, додека се движела на истата улица.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1