Двегодишното дете од Охрид починало од сепса


Основното јавно обвинителство Охрид информира дека го добило секциониот протокол од извршената судско медицинска експертиза на двегодишното дете кое почина во август годинава на детското одделение во Медицинскиот Центар Охрид.

Патолошко хистолошката дијагноза и резултатите од токсилошките анализи укажуваат дека смртта кај детето настанала поради воспаление на двете белодробни крила, по што инфекцијата навлегувајќи во крвта предизвикала сепса.

Детето првпат беше примено на 25 август и по препишана терапија беше пуштено дома. Поради влошување на состојбата тоа во два наврати било донесено во охридската болница, последниот пат без знаци на живот

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1