Двопартискиот систем е илузија – двете партии се финансираат од ист извор


Никогаш не постоел двопартискиот систем на владеење. Тоа е само илузија. Не може да постои затоа што паритиите се финансирани од ист извор.

 

Ако се откријат првите десет финансиери на најмоќните партии во Америка, ќе се забележи дека станува збор всушност за исти корпорации, кои ја поддржуваат кампањата на двете политички опции Демократите и Републиканците.

Милиони потенцијални американски гласачи се заведувани и убедувани верувајќи дека актуелниот претседател Барак Обама или пак Мит Ромни мора да седне на претседателската фотеља во Белата Куќа.
Ова беше заклучок на дебатата во која збор земаа кандидатите на третата партија во која учествуваше и поранешен републиканец Гери Џонсон кој говореше за тоа како Американците посакуваат да слушнат за кратењето на воениот буџет за 43% и да се запре мешањето во односите меѓу Сирија и Либија.

Џонсон исто така ја поддржа крстоносната војна на Рон Пол, за ревизија на Банката со федерални резерви, за која ја посочи како директен виновник за финаниската криза.

Џил Штајн од партијата на зелените исто така забележа дека кога пред една година ја најави својата кандидатура за претседател на САД, потсети на тоа што го кажа дека самиот народ треба да преземе иницијатива, поради тоа што партиите кои што се на политичката сцена, нема да им решат ниту 1% од проблемите со кои се заглавени граѓаните.

Клучен фактор за притисокот на глобалната моќ на елитите како во Америка така и кај нејзините сојузници е „двопартискиот систем“ кој што го слават како столб на демократијата.
Ако се погледне одблизу, двопартискиот систем се сведува на демократија, без разлика дали станува збор за демократите и републиканците во Америка, или пак демохристијаните и социјалдемократите во Германија, или некои слични варијации во други земји – сите тие во текот на кампањите го бараат заедничкиот именител за решенијата за проблемите на народот.


Не смеете да се осмелите да погледнете наоколу за да забележите и други патишта кои можат да ве однесат кон многу бенефицирана дестинација.
Во случајот на Америка мора да се одлучиш или ќе гласаш за Буш или за Гор, или пак за Буш или за Кери, или пак за Обама или Мекејн, или пак за Обама или Ромни.
Се што размислува поинаку се идентификува како проблематичен, анархистичен, комунист, фашист, или премногу глупав трошејќи си го гласот на некој кандидат од некоја трета партија.

Зошто светот треба да биде загрижен?

Во неверојатниот пресврт на историјата, демократијата на САД е потоната до таа длабочина, што американските гласачи учејќи за изборните опции во нивната земја, мора да ја знаат мелодијата за Руската Федерација.
Како што времињата се менуваат глобалната моќ и мајсторската игра на одредени луѓе кои играат со стравот на Америкаците, во врска со „црвената опасност“, или „взаемното уништување“, или пак “подобро мртов отколку црвен“, се повеќе опаѓа.

Но, зошто луѓето кои што не живеат во САД да се грижат за тоа дали Американците ќе треба да плаќаат поголеми или помали даноци, или ќе имаат подобро или полошо здраство, или дали невработеноста, инфлацијата и сиромаштијата ќе се зголемат или нема?
Денешната високо комплексна структура на моќ, исклучителната моќна приватна глобална силна елита, стана вградена во САД и нејзините клучни сојузници, и сето тоа што ќе се случува во Америка ќе влијае на сите нас.

На пример доколку Аргентинците гласаат за погрешен лидер, како што обично знаат, или пак Колумбијците, Грците, или пак Малезијците, таквите последици ќе влијаат само на тие народи. Светот само ќе може да се испружи на страна и да фаќа сеир.
Но, доколку Американските гласачи постават погрешен човек во Белата Куќа, тоа значи дека ќе има милиони мртви, повредени во Ирак, Либија, Сирија, Египет, Палестина, Латинска Америка, Азија и на многу други места кои што се посочени како мрачни проблематични реони.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1