Дворец од бајките се продава за 1 евро: Купете го на аукција Шато де Банкафорт


Огромен замок во Франција со богати градини и неколку помошни куќи ќе биде понуден на аукција за само едно евро, пренесува Дејли мејл.
Шато де Банкафорт изграден е со кули во римски стил во долинат ана Лоара во 1453 година, а барокната фасада му е додадена два века подоцна.
Стамбениот дел се протена на површина од над 2.000 метри квадратни, а се состои од замок со шест спални соби, библиотека и голем вински подрум.
Иако неговата вредност се проценува на 4,95 милини евра, имотот во тероија на 19 октомври може да биде закупен за само едно евро.
На површина од 167.000 квадратни метри се наоѓаат градини, градинарска куќа, чајџилница, работилница и гостинска куќа. Градините се одржуваа според првобитните архитектонски нацрти од периодот на ренесансата.
– И покрај неговите огромни димензии, овој дворец навистина остава впечаток на топол дом. Досегашните сопственици прекрасно водеа сметка за замокот во последните 30 години колку и го поседуваат, така да купувачот ќе може веднаш да се всели, што е вистинска реткост кога се во прашање раскошните имоти постари од 600 години, изјавил Вилијам Мекинтош, менаџер за продажба на аукциската куќа „Concierge Auctions“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1